еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во градежништвото зголемени трошоците за вработените и за нови куќи

Во третиот квартал  во однос на вториот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8 проценти, трошоците за материјали се пониски за 0,4 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 6,3  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од годинава, во споредба со третото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,1  процент, трошоците за материјали се пониски за 2,6  проценти и трошоците за вработените се повисоки за 9,4  проценти.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ви се работи професионално во САД? PassRight ќе ви ја плати работната виза O-1

Редакција

Повик до земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади

Редакција

До 30 ноември забрана на акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во маркетите

Редакција