еМагазин
Image default
Македонија

Поради претходно закажано судење за „ТНТ“, одложено рочиштето за „Титаник”

Закаженото денешно рочиште за случајот „Титаник” се одложи за 16 декември.

Причината за неодржувањето на ова рочиште беше претходно закажено судење за предметот „ТНТ“, кој го води истиот судија Осман Шабани, како и тоа што во двата предмети обвинет е Миле Јанакиески.

Овој судски предмет иако преставува едно од првите обвиненија поднесени од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), се уште е во фаза на доказна постапка.

Обвинението за „Титаник“ го застапенува обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот пратеникот Илија Димовски. Воедно, во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој мометално има статус на азилант во Унгарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот обвинител Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се обезбедени

Редакција

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Редакција

319 санкции за неносење маска

Редакција