еМагазин
Image default
Македонија

Тестираните пратеници и вработени во Собранието негативни на Ковид-19

Петмина собраниски службеници и неколкумина пратеници се негативни на Ковид-19 поради контакт со пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера објави дека е позитивен на вирусот.

Поради состојбата на Муцунски и тестирањето на тие што биле со него во контакт во Собранието, беше одложен почетокот на продолжението на амандманската расправа за Буџетот за 2021, но по добивањето на резултатите се очекува таа попладнево да продолжи.

Поради отсуството на Муцунски, седницата ќе ја води потпретседателката на Комисијата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Собранието и дел од пратениците се тестираат за Ковид-19, поради позитивниот тест на Муцунски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски позитивен на Ковид-19

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот суд ја казни Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Редакција

Петков: Го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани, како и користењето на сите ваши јазици како што се дефинирани со Уставот

Редакција

Детален преглед на состојбата со случаи на Ковид-19 по македонските болници

Редакција