еМагазин
Image default
Македонија

Полно Инфективно на велешката болница, слободни места има во Физикално одделение

Во велешката Општа болница има вкупно хоспитализирани пациенти 71, од кои 61 потврдени позитивни, седум сомнителни и тројца со негативни тестови. Од нив 31 пациент се на кислородна поддршка, информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова.

Бројот на пациенти варира, вчера биле 72, завчера 67, а на 4. декември биле 61 пациент.

На Инфективно одделение со 54 пациенти е полно, слободни места има на Физикално одделение кое е второ Ковид одделение каде моментално се сместени 13 пациенти, а има 25 кревети.

На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид моментално се сместени четворца пациенти, информира д-р Неделковска Николова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од говорницата во ОН Сиљановска Давкова побара праведно деблокирање на преговорите со ЕУ

Редакција

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Редакција

Условна казна затвор за лицето кое ја нападна екипата на телевизијата 24

Редакција