еМагазин
Image default
Македонија

Во Крушево се отвора пункт за тестирање од Ковид-19

Во здравствениот дом во Крушево ќе се започне со тестирање од Ковид-19. Брзи тестови се обезбедени преку Министерство за здравството.

Од крушевскиот Здравствен дом денеска информираат дека наскоро ќе започне тестирање, а граѓаните ќе може да закажуваат преку „Мој термин“ кај матичните лекари.

За градоначалникот на Крушево, Томе Христоски ова е уште еден важен чекор за справување со вирусот.

„Со ова сите граѓани на Крушево ќе имаат термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за да се тестираат. Овој чекор сериозно ќе ја олесни работата на матичните лекари, на Здравствениот дом и ќе им се олесни на граѓаните во тие тешки моменти кога се сомневаат и покажуваат симптоми и се упатуваат од матичните на тестирање,“ вели Христоски.

Во Крушево се активни 74, а од почетокот на пандемијата се регистрирани 149 случаи со корона вирусот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори

Редакција

Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота, информираат од МОН

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 243

Редакција