еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Хотелиерите работат со загуби, ги вратија работниците за да користат владини мерки

Половина од хотелите на охридско-струшкото крајбрежје ставија клуч на врата, а останатите работат со речиси празни капацитети. Мерките од четвртиот владин пакет ги вратија на работа сезонските работници за хотелите да го задржат бројот на вработени од август за да можат да ја искористат субвенцијата.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески во изјава за МИА појаснува дека хотелските капацитети работат со загуби, и оние отворените немаат ниту пет отсто промет.

– Педесет отсто од хотелите на ривиерата се затворени, а оние што работат немаат ниту пет отсто промет. Работат со загуба. Тешко се врзува крај со крај, вели Блажески.

Според него, во хотелиерството нема отпуштања последните месеци, туку напротив се вработуваат нови работници со цел да ги исполнат условите за субвенционирање, предвидени со четвртиот владин пакет. Отпуштање во секторот очекува во март, кога ќе завршат владините мерки.

– Последниот месец во хотелите се примаат работници за да се задржи бројката од август за хотелиерите да добијат од четвритот сет мерки. Во август имавме најмногу работа и имаше доста сезонски работници.

Во октомври ги немавме како бројка и не следуваше плата од државата планирана со мерките. За ноември вработивме нови, одосно ги вративме сезонските работници да ја имаме истата бројка и да ги исполниме условите за субвенционирање, појасни Блажески.

Годината очекува да ја завршат со загуби, иако имаат одобрени по четири плати помош од државата. За хотелите да не стават трајно клуч на врата, смета дека им е потребна поголема помош од државата.

– На крајот од годината ќе има сигурно загуби. Се уште е рано да кажеме. Пола од обртот од лани ќе биде загуба. Според платени даноци од претходните години да ни се одобри некоја помош. Потребни се ослободувања од даноци и други давачки кон државата или дополнителни парични средства, предлага претседателот на ХОТАМ.

За следната година, во најдобра варијанта се надева да излезат на нула, без загуби.

– Да ги извадиме трошоците за плати, енергија, одржување на објектите за следната година, а во позитива очекуваме дури во 2022 и 2023 година, додава Блажески.

Согласно протоколите за заштита од Ковид-19, хотелиерите нема да организираат пречеци за Нова година, но хотелските капацитети се отворени за гостите, кои може да уживаат во она што им го нуди природата на охридско-струшкото крајбрежје, планините, културното наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести за празниците препорачува работно време на рестораните до 18 часот, забрана на собири и прослави во станови, плоштади и работни организации

Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за работата на рестораните за претстојниот период на празници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејните трошоци повисoки од просечната плата

Редакција

Поради корона вирусот се зголеми побарувачката на велосипеди, а со тоа скокнаа и цените

Редакција

Драстично намалување на ангажманот на македонските градежници во странство

Редакција