еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска комисија: Градоначалникот Шилегов склучил договор со адвокатот Шилегов за консултантски услуги

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, по укажувањето од страна на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за судир на интереси го раскинал договорот за консултантски услуги со неговата адвокатска канцеларија, по што е констатирано оти повеќе не постои состојба на судир на интереси и предметот е затворен.

Меѓутоа, како што рече Билјана Ивановска, претседател на ДКСК на денешната прес-конференција, се испитува и е отворен нов случај за кој слушнале од медиумите дека наводно Град Скопје има склучено некаков договор со адвокатското друштво на Шилегов и од градот Скопје се одлеваат средства на тој начин.

„Во тој дел ние не сме работеле, тоа ќе го провериме и ќе ја известиме јавноста“, изјави Ивановска.

Таа појасни дека до ДКСК била доставена пријава што се однесувала на судир на интереси за градоначалникот Петре Шилегов, бидејќи тој со своето адвокатско друштво имал склучено договор за консултантски услуги.

Од тие причини, ДКСК го повикала Шилегов и му објасниле дека согласно член 44 од Законот, службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности, како и приходи од авторски и други активности…, но не може од консултантски услуги, бидејќи тие не спаѓаат во тој член.

На Шилегов му била доставена и одлуката на ДКСК за судир на интереси и го раскинал договорот со адвокатското друштво, по што предметот и бил затворен.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која учествуваше службениот автомобил на министрите Бектеши и Бесими

Редакција

(Фото) Зградата на МНР во боите на НАТО, по повод двегодишнината од членство во Алијансата

Редакција

Родители на убиените момчињата кај Смилковското езеро се виделе со Десковска, но од средбата не произлегло ништо

Редакција