еМагазин
Image default
Македонија

Во Македонија први против Ковид-19 ќе се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал, потоа хронично болните

Штом ќе биде достапна вакцината против Ковид-19 во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Потоа, како што нагласија Арсовски и Хоџа, ќе се вакцинираат политичарите.

-Како што најави премиерот Зоран Заев, и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19, истакнаа портпаролите.

Тие претходно соопштија дека се во тек преговори за директна набавка на вакцини против Ковид-19.

-Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, рече Арсовски.

Покрај ковакс механизмот, нагласи, во тек се преговори и за директна набавка од комапниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата.

-Република Сееврна Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а алоцираше и средства за вакцини. Почна директни прегови, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и ковакс механизмот кој беше прв на располагање, рече Арсовски.

Според него, се уште не се знае колку и кога Бугарија ќе и донира вакцини на земјава, но планот е делот од пратката што ќе пристигне во Бугарија, да биде наменета и за нашата земја.

Дел од првата пратка вакцини, пак, што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети, како што објасни Арсовски, за нашите граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Мнозинство се уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Редакција

Во исчекување на амнестија денес судски рочишта за „27 април“, „Т.Н.Т“, „Тарифа“, „Титаник 3“

Редакција

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

Редакција