еМагазин
Image default
Македонија

Стевановиќ: За 20-30% намален бројот на амбулантските прегледи на Инфективната клиника – не смееме да се релаксираме

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ во вчерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма истакна дека тоа што укажува на лесно намалување на бројките е фактот дека за речиси 17 проценти е намален бројот на новооткриени пациенти со Ковид-19 во изминатата недела, а вчерашните бројки зборуваат за намалување и на процентот на позитивни во однос на тестираните, кој конкретно вчера изнесуваше 25 отсто.

„Тоа е нешто што навистина влева надеж. Од еден друг аспект гледано, на терен, не можеме да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитетите се практично се уште речиси целосно исполнети.

Но, она што ни дава надеж и се поклопува со бројките што ги покажуваат извештаите на Институтот за јавно здравје е дневната фрекфенција на амбулантски прегледи која е за 20, па и речиси 30 отсто намалена во однос на претходната недела.

И ако сме имале просек на пациенти 100-120, па и повеќе прегледи за 24 часа на клиниката, сега таа бројка е сериозна намалена. Тоа е она што остава впечатокот дека бројката лесно се намалува,“ рече д-р Стевановиќ.

Таа упати апел до граѓаните за време на празничните прослави во домовите да ги почитуваат мерките за заштита, повика граѓаните да се воздржат од групирања, за да не се направи нов тренд на пораст на заразени со Ковид-19.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемен интересот за вакцинација кај младите од 18 до 40 години

Редакција

Поради отсуство на судијката Михаиловска, одложено рочиштето за трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Редакција

Заврши координацијата кај Џафери, вечерва нема седница за одложување на пописот

Редакција