еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Метереолозите прогнозираат суво и ведро време за Нова Година

Управата за хидрометоролошки работи (УХМР) за денеска најавува пообилни врнежи во источните делови од земјата, особено на југоистокот каде локално дождот ќе биде пороен, проследен со засилен југоисточен ветер и појава на грмежи.

Се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен.

Попладне на места ќе има засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде од 5 до 13степени.

Според УХМР, на планините во северозападните делови ќе врне снег и снежната покривка ќе се зголеми.

Во Скопје до крајот на денот ќе биде облачно со повремен дожд, а во вечерните часови врнежите ќе престанат. Попладне ќе дува и умерен југоисточен ветер.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи.

Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места.

За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопски општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заболени од корона вирусот

Редакција

Како ли ви текна: Очајна мерка е да се субвенционираат плати за да си одат административци

Редакција

Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица

Редакција