еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема новогодишна еуфорија во Струга

Градот на две води или како што многумина го нарекуваат, градот на мостовите и поезијата, блеска во новогодишно руво. Но, освен накитената елка и украсните сијалички низ градските улици и Плоштадот ништо друго не навестува дека е Нова година.

Пандемијата со Ковид-19 го остави градот празен и тивок. Улиците празни, ќе сретнете само некој случаен минувач кој се враќа од работа или пак излегол да испазари, плати сметки или заврши други секојдневни обврски.

Ја нема новогодишната магија во Струга. Кафулињата се речиси празни, а во 18 часот затворени. Во бутиците се среќава по некој купувач, кој излегол да купи нешто за себе или подарок за најблиските.

Стружани велат дека новогодишна еуфорија нема. Повеќето што разговаравме рекоа дека за најлудата ноќ ќе останат дома со семејствата, мал дел посочија дека можеби ќе наздрават во најтесен круг со блиски пријатели.

– Откако дојдоа печалбарите има некоја раздвиженост, но е далеку од очекуваното и она што се случуваше претходните години, велат стружани.

Ниту во маркетите ја нема предпразничната гужва, кога граѓаните пазареа за дочекот. Единствено редици народ може да се забалежи пред банките и телефонските оператори.

Најголем дел од хотелите ставија клуч на врата уште од почетокот на ноември, „работат“ само оние што се лоцирани во градот, но и тие се празни. Според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески, интерсот за претстој на охридско-струшката ривиера е многу мал.

– Капацитетите и оние што работат се речиси празни. Ако има некоја исполнетост ќе биде помалку од пет отсто во хотел. Градските хотели се отворени, а оние што се по настрана имаат само чуварски служби. Работат само по пет до 10 вработени во три смени за одржување на хотелот, истакна Блажески.

Пред донесување на одлуката за забрана на дочеци и работно време на хотелските ресторани до 21 часот, посочи дека имало интерес за пансионско сместување, но сепак резервации нема.

Ниту угостителите не се задоволни од предоновогодишниот период. Ако изминатите години последните денови од старата година се бараше место повеќе, сега може да се забележи по некоја маса со двајца до четворица пријатели, познаници…

Општина Струга упати апел до граѓаните, угостителите и другите бизниси да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

– Поради доаѓање на печалбарите во Струга и Струшко и зголемената фреквенција на движење на јавните места, продавниците, кафетериите и рестораните, се зголемува и ризикот за ширење на коронавирусот, посочи општинската прес-служба.

Покрај примена на мерките за заштита од коронавирусот, Општина Струга повикува да не се користат петарди и други пиротехнички средства, бидејќи, како што посочуваат, покрај материјална штета може да предизвикаат и повреда кај луѓето. Потсетуваат дека казните за употреба на пиротехника се од 200 до 500 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како во бајка: Каква е новогодишната атмосфера во Струга

МИА/Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 27.500 евра: Скопскиот Апелационен суд купува возило

Редакција

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

Редакција

Личност на годината на еМагазин: Македонските пожарникари

Редакција