Четири лица починаа, а 52 се приведени откако поддржувачи на претседателот Доналд Трамп вчера упаднаа во Конгресот на САД за да ја спречат верификацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави Ројтерс.
Од полицијата соопштија дека биле откриени и две бомби, како и замрзнувач полн со молотови коктели.
Оттаму одбија да ја идентификуваат жената што била застрелана од полицаец и не прецизираа кои се причините за смртта на останатите три лица (двајца мажи и жена) на кои им била потребна итна медицинска помош.
Повредени биле 14 полицајци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВО ЖИВО) Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот, во Вашингтон воведен полициски час
Бајден го повика Трамп да отстапи, претседателот ги повика демонстраните да си одат дома
Фото/Видео: AP/Jose Luis Mangana/Youtube/The Sun