еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Пред три месеци реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија и е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет

Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија, напиша на својот Фејсбук-профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли Владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?,“ прашува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Каракачанов: Северна Македонија треба да потпише анекс од 12 точки, ако сака да добие датум за преговори

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев вели дека сите „бомби“ стопроцентно биле предадени во СЈО

Редакција

Поскапувањето на „најевтиниот леб“ не е проблем за Владата, но ќе ги дотепа сиромашните

Редакција

(Видео) МВР откри лабораторија за производство на марихуана во Булачани

Редакција