еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и суросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар по литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

„Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела.

Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за пет отсто и истата има вредност над 53 УСД $/t.“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Домашното производство на струја покрило 76,4% во потрошувачката во јануари

Редакција

„Игеа Мак“ го доби тендерот за одржување на електронскиот катастар вреден 767.000 евра

Редакција

Јапонски „Мицубиши” заинтересиран за изградбата на гасна електрана од 250 MW во РЕК Битола

Редакција