еМагазин
Image default
Балкан

Над 32.000 оштетени објекти по серијата земјотреси во централна Хрватска

Сисачко-Мославичката жупанија соопшти дека досега примиле пријави за вкупно 32.567 оштетени згради во серијата земјотреси што ја погодија централна Хрватска, а во околу половината од нив – 15.187 веќе е извешена инспекција.

Поради надворешни влијанија 179 згради се неупотребливи, а поради штета предизвикана од разорните земјотреси уште 2.032, пренесе Хина.

Привремено се неупотребливи и потребен е детален преглед за 1.615 објекти, а привремено неупотребливи и потребни се итни мерки за санација за 1.932 објекти.

Има и 5.673 објекти што се употребливи со препорака за интервенирање во нив, се наведува во извештајот на Сисачко-мословачката жупанија.

МИА/Фото: Црвен крст на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За градоначалникот на Благоевград, македонскиот клуб е канцеларија и не е легитимен

Редакција

Болница во Бугарија не може да најде лекар-пулмолог ниту за плата од 2.000 евра

Редакција

Тројца пациенти живи изгореа во пожар во ковид-одделение во Бугарија

Редакција