еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Оливер Ристовски: Од заменик-министер за правда до член на ДИК

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на новите членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Кој е Оливер Ристовски

Тој е роден на 15.06 1964 година, а за член на ДИК доаѓа по предлог на СДСМ

Образование

Завршил Правен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1988 година.

Правосудниот испит го положил во Белград, Република Србија, во 1990 година. Осум години подоцна го положил и нотарскиот испит.

Работно искуство

Во 1990 година веднаш по положување на правосудниот испит формирал адвокатската канцеларија во која активно работи до 2017 година

Од јуни 2017 до септември 2020 година ја извршувал функцијата заменик-министер за правда во Владата.

Во неговата биографија се наведува дека одлично познава и активно се служи со англискиот, српскиот и хрватскиот јазик.

Како социјални вештини и способности во неговата биографија ги навел: трудољубивоста, амбициозноста, комуникативноста, посветеноста кон работата, тимската работа, организациски вештини и генерирањето нови идеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борис Кондарко, што пишува во биографијата на старо-новиот член на ДИК?

Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК

Кој е Александар Даштевски: Што пишува во биографијата на новиот претседател на ДИК

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува зимското сметање на времето: Вечерва стрелките на часовникот еден час назад

Редакција

Мицкоски на лидерската нема да се согласи за промена на Уставот

Редакција

(ВИДЕО) И сопругот на Данела Арсовска, Ангел, имал бугарско државјанство, тврдат од СДСМ

Редакција