еМагазин
Локално

„Руски рулет“ на улиците на Скопје: За еден ден фатени 36 лица без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информира МВР.

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење на мобилен телефон.

Изречени се 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застрашувачки случај: Тројца малолетници нападнале 12-годишник и му нанеле убодна рана

Редакција

Кратовчанка во казино разменувала фалсификувани банкноти од 500 евра

Редакција

Почината жена која била пријавена за исчезната во Радовиш

Редакција