еМагазин
Image default
Локално

Уживале во хероин во подрум во Кичево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Љ.М.(26) и С.М.(48) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

„На 13.01.2021 од страна на полициски службеници при извршен претрес на дом и други помошни простории на ул.„Душан Јовески“, каде престојуваат Љ.М и С.М., во подрумските простории биле затекнати пет лица: А.К., С.Х., С. З., Р.Б. и С.К. како користат наркотична дрога хероин.

На масата каде биле затекнати лицата биле пронајдени фолии со остатоци од прашкаста материја и прибор за користење на наркотична дрога хероин. Лицата се лишени од слобода“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевчани ги малтретирале своите деца, женското го присилувале на проституција

Редакција

(Видео) МВР откри 50 килограми марихуана при претрес на дом во неготинско

Редакција

Млад битолчанец со „голф“ удрил во канделабра, двајца повредени

Редакција