еМагазин
Image default
Локално

Билет за едно возење со автобус низ Тетово ќе чини 20 денари, бесплатно за лицата со попреченост

Градскиот автобуски превоз во Тетово ќе чини 20 денари, а ќе има пет категории на месечни и годишни билети, најави претседателот на Советот на општината Беким Мемети.

За цените и другите параметри на превозот треба да се одлучи на седницата закажана за 28 јануари, откако на 17 јануари општината инфомираше и ги промовираше петте набавени автобуси.

„Билет за едно возење ќе чини 20 денари. Во категорија А, билетот за сите граѓани месечно ќе чини 900 денари, а годишно 9000. Категорија Б е за студенти (350 месечно/3500 годишно), категорија Ц е за пензионери и луѓе над 62 години (350/3500ден.)

Категорија Д е за вработени во општина Тетово (450/4500) и категорија Е лица со над 80 отсто попреченост за кои ќе има бесплатен превоз“, пишува Мемети на профилот на „Фејсбук“.

Директорот на јавното претријатие „Тетово транспорт“, Фејсал Беадини информира дека ценовникот е пратен на усвојување до Советот на општина Тетово и се чека на негово одобрување согласно законските одредби.

Планирани се три рути за одвивање на јавниот транспорт низ градот. Првата рута е од автобуската станица на улица „Борис Кидрич“ до Универзитетот на Југоисточна Европа. Втората рута исто од  „Борис Кидрич“, преку „Иво Лола Рибар“, и повеќе други улици во северозападниот дел од градот и завршува на почетната станица.

Третата рута оди почнува од улица „Борис Кидрич“, па преку булевар „Видое Смилевски – Бато“, ќе се поминува низ сообраќајните во источниот и јужниот дел од градот.

За набавка на автобусите општината зеде кредит од Светска банка во висина од еден милион и 200 илјади евра. До 90-тите години, во Тетово јавен превоз извршуваше сообраќајното претријатие „Полет“ за кое беше започната стечајна постапка.

МИА/Фото: Мемети/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Тетово, еден од најголемите градови во Македонија конечно ќе има јавен автобуски превоз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден скопски моторџија во судар со „Фолксваген Туран“

Редакција

Жена и маж од Берово ширеле расистички и ксенофобични материјали на социјалните мрежи

Редакција

67-годишниот маж од Стајковци го убил братот и сопругата на друг брат кој бил починат

Редакција