еМагазин
Image default
Македонија

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата „Фајзер“, вели Филипче

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати, појасни денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против Ковид-19.

Што се однесува до изментите на Законот за лекови, во него ќе се интервенира од причина што глобална политика на производителот на вакцини Фајзер со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава.

-Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против Ковид-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот, појасни Филипче.

Тој додаде дека не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава.

Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8.000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.

„Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба, бидејќи документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни.

Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот,“ додаде тој.

Фајзер е вакцина која е регистрирана во двете најголеми регулаторни тела: американската ФДА и европската ЕМА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Половина македонски граѓани не би примиле вакцина против Ковид-19

Доктор Беќаровски објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

443 казни за неносење маска

Редакција

Ставен под контрола пожарот кај селото Ѓавото, во Кочани од невремето поплавени домови

Редакција

Пратениците како мали деца: Нема кворум, нема пари за граѓаните и фирмите

Редакција