еМагазин
Image default
Балкан

Новиот вид коронавирус „пристигна“ во Србија, го донела жена од Лондон, која имала негативен ПЦР тест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар.

– Патничка од Лондон, која беше негативна на PCR-тестот, го донесе тој вид, нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми, истакна Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека ги испитале сите контакти на таа жена и се обиделе да ги изолираат.

– Ги следевме сите контакти, ги изолиравме и денеска можеме со надеж да кажеме дека ќе го спречиме, ако тоа ни се случи, ќе ни биде пекол, кажа Вучиќ, додавајќи дека вирусот е откриен на институтот Торлак.

Вучиќ, во интервјуто рече дека очекува денеска да бидат вакцинирани до 50.000 лица, како и дека Србија веќе утре би можела да биде трета држава во Европа според бројот на вакцинирани на 100.000 жители.

Според министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавќевиќ, во Србија денеска продолжува масовната вакцинација и досега се вакцинирани над 172.000 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција од денеска „Covid free“ простори

Редакција

Минималната плата во Грција се зголеми од од 586 на 650 евра: Прва владина седница по ратификација на Договорот од Преспа

Редакција

Ескобар: Отворен Балкан не е политички, туку важен економски проект

Редакција