еМагазин
Image default
Балкан

Новиот вид на коронавирус се шири во Грција, потврдени 33 нови случаи

Од анализирани 235 позитивни примероци на Kовид-19 потврдени во периодот од 11 ноември 2020 година до 18 јануари во Грција, 33 се однесуваат на новиот вид на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

По направените анализи на Институтот за биомедицински истражувања, од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека 172 од анализирани позитивни примероци се однесуваат на периодот до 31 декември 2020 година и е пронајден само еден случај на новиот мутиран вид, по направен ПЦР текст на 23 декември 2020 година.

Од останатите 63 позитивни случаи на Ковид-19, од периодот од 11 до 18 јануари, односно за само една седмица, потврдени се 32 случаи на новиот вид на коронавирус, од кои повеќе од половина се во Атина.

Поконкретно, три се откриени на влезните точки во земјата, четири се од контакти на веќе потврден случај, осум се на островот Крит и 17 во Атина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познат албански епидемиолог почина од Kовид-19, тој е петти лекар кој ја изгуби битката со вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Грција поплавена: Невремето ќе беснее уште два дена, затворени училиштата во Атина, Евија и Халкидики

Редакција

(ВИДЕО) Сериозен инцидент: Демонстранти го нападнаа возилото на албанскиот премиер Еди Рама

Редакција