еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Девојката која ја пријави „Јавна соба“ со сведоштво како нејзина фотографија заврши во групата и што доживеала

Ана од Кавадарци, која пријави дека групата „Јавна соба“ се уште е активна на Телеграм, и дека нејзина фотографија била споделена на оваа група, раскажа низ што се поминала и какви непријатности доживеала.

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места.

Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто.

Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа. Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници.

Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав. Малку се повлеков, еден ден, но потоа продолжив со животот, иако пораките и повиците не престанаа и уште не се престанати. Кое ниско ниво на морал е тоа?

Единствено што можам да кажам е дека беше доста, претходно имаше многу жртви во вакви ситуации, ова треба да престане.

Треба да се донесе закон што ќе не штити од ваков криминал. Секој еден може за нас да објави и напише што сака. Доколку се случи такво нешто на некоја ваша блиска личност, немојте да осудувате, но немојте и да молчите. Време е да прозбориме и ваквите ситуации да престанат,“ вели Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔸𝕟𝕟𝕒 (@troublemaker_ak)

Фото/видео: Инстаграм/Ана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформа за родова еднаквост: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“

МВР: Секој граѓанин жртва на „Јавна соба“ да пријави во полиција

На три групи насловени како „Јавна соба“ повторно се споделуваат експлицитни фотографии од девојки и момчиња

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Назим Буши, кој ќе раководи со МВР до избор на новата влада

Редакција

Детален преглед на заразени со корона вирусот во Тетово и тетовско

Редакција

До сега попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови

Редакција