еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Угостителите да работат до 21 часот, а административците од дома и во смени, препорача Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на Ковид-19 вирусот.

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21 часот.

„Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Во овој момент, здравствената ситуација со Ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.

Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, наместа краткотраен пороен дожд

Редакција

На менаџментот на Витаминка лани исплатени надоместоци од 15,6 милиони денари

Редакција

Успешно кај 22 и 33-годишни пациенти се трансплантираа и бубрезите од починатата жена-донор

Редакција