еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во Маврово најстудено и најмногу дожд, на Шапка половина метар снег

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека најмногу снег има на Попова Шапка, каде што снежната покривка е 51 сантиметар.

Најстудено утрово е во Маврвово, нула степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран со осум степени. Во Скопје се измерени два степена.

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а утрово врнежите се престанати и преовладува умерено до значително облачно време. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб локален дожд, на планините на северозапад со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Среќен татко: Ќерката на премиерот матурантка, Заев објави фотографија од Александра како бебе

Редакција

Децата имаат проблем со дишните патишта, возрасните со срцето, бубрезите, нервниот систем: Доктор Зекири објаснува за постковид синдромите

Редакција

Обвинителството отвори истрага за уште еден осомничен за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски

Редакција