еМагазин
Image default
Свет

Во Кина уапсени 80 лица кои неколку месеци продавале лажни вакцини против Ковид-19

Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини против Ковид-19.

Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини.

Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага за измами со создавање и фалсификување вакцини.

Полицијата, додава кинеската агенција, открила дека лицата кои биле вклучени во криминалната акција од септември 2020 година „оствариле голем профит продавајќи лажни вакцини по високи цени“.

Кина го вакцинира своето население со домашните вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на убиени цивили во Украина надмина 3.000, соопшти Канцеларијата на ОН за човекови права

Редакција

Експлозивни направи испратени до Белата куќа, семјствата на Обама и на Клинтон

Редакција

745.000 смртни случаи се припишуваат на долгото работно време, покажува студија на Обединетите нации

Редакција