еМагазин
Image default
Македонија

МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи

Интензивирањето на соработката помеѓу МВР и АД „Пошта на Северна Македонија“ е една од темите на кои се разговарало на денешната средба на ресорниот министер Оливер Спасовски со генералниот директор Јани Макрадули.

Од МВР соопштуваат дека од двете страни е истакната потребата од формирање работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки за испорачување на личните документи на граѓаните на домашна адреса, како и за можните предизвици и насоки за заживување на електронската трговија.

– Министерот Спасовски ја потенцираше поддршката од страна на Министерството за внатрешни работи, како и досега, со единствена цел, граѓаните побрзо и поефикасно да ги добиваат личните документи на домашна адреса, се наведува во соопштението на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коѕијас бара забрана за влез на министерката Мизрахи во ЕУ: Реакции во Грција за таблата со „Република Македонија“

Редакција

Заев најави почитување на европското законодавство за етничката припадност во личните карти

Редакција

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.238

Редакција