еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Вкупно 234 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти.

Вкупно 234 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пописот треба да се одржи во април следната година, предлог-законот е во собраниска процедура

Редакција

Љупчо Палевски осомничен дека ги убил Вања и Панче, на 30. ноември прво избегал во Белград, па во Бугарија

Редакција

Сослушани неколку сведоци на рочиште во раздвоената постапка за „Тенк“

Редакција