еМагазин
Image default
Локално

Автопатот не е писта: Казнети 257 лица за брзо возење на релација Куманово-Велес и на обиколницата

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 02,03, 04 и 05 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 257 прекршоци, информира МВР.

„Пет возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а 45 возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за убиството во Битола: Притвор за дедото кој во домот го застрела неговиот поранешен зет

Редакција

Вклучена греалка го предизвикала вчерашниот пожар во Гевгелија

Редакција

Кривична пријава за двајца струмичани: Објавиле прослава на роденден на социјалните мрежи

Редакција