еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Суспендирани двајца доктори и дисцплински за девет вработни по скандалот во болницата во Битола

По добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“ во Битола, на ден 01.01.2021 година, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин, инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) – ПО Битола, извршија вонреден инспекциски надзор, информираат од ДСЗИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предмет за невработената докторка од Србија која изврши царски рез во битолската болница

Кривични за доктори од Битола, извршено породување со царски рез од невработен гинеколог

“По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од  директорот на установата како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и превземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го превземе следните мерки: до министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки од ДСЗИ, ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита, ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.

При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот, превземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки“, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Полицијата во Индија со „корона-кациги“ против ширење на вирусот

Редакција

(Фото) Сателитски снимки од разурнатите украински градови Мариупол, Ирпин и Чернив

Редакција

Охрид и Охридското Езеро да бидат ставени на Листата загрозени светски вредности, стои во најновиот извештај на УНЕСКО

Редакција