еМагазин
Image default
Македонија

Средба на Османи со Столтенберг во Брисел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денешнaта работна посета на Кралството Белгија ја искористи за посета на седиштето на НАТО и средба со генералниот секретар, Јенс Столтенберг, која симболично се совпаѓа со годишнината од ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието.

-За мене лично, денешната посета на НАТО е повеќе од симболична, ова е моја прва официјална  средба тука, по преземањето на функцијата, предводник на дипломатијата на Северна Македонија, и не верувам дека е игра на случајност, но денешниот ден се совпаѓа со ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието.

Со што се потврди цврстата, едногласна и суверена одлука да бидеме денес 30-та полноправна земја – членка на Алијансата, а тоа е навистина убаво чувство – да се биде и официјално дел од најважната (најсилната) политичко-воена алијанса на светот, истакна Османи.

Османи и Столтенберг, како што се наведува во соопштението од МНР,  разговараа околу активностите на Република Северна Македонија во насока на заокружување (на процесот за) и целосно интегрирање на земјата во структурите на НАТО, финализација на правната рамка, ратификување на договорите што произлегуваат од нашето членство во организацијата и други активности што произлегуваат од членството.

На средбата биле разменети и повеќе мислења околу политичко-безбедносната состојба во регионот и пошироко, како и околу нашето учество во натамошните планови и активности на Алијансата, а се разговараше и околу актуелните состојби со Ковид-19 пандемијата, при што, како што се додава, заеднички беше констатирана потребата од тесна соработка во рамки на НАТО и со земјите членки во справувањето со оваа глобална криза.

-Особено сме благодарни до сите земји-членки и партнери што обезбедија помош за нашата земја, што го цениме како висок степен на солидарност, како клучен принцип врз кој се темели НАТО, нагласи Османи.

Османи е во дводневна билатерална посета на Луксембург и Белгија, во рамките на дипломатските активности за посета на европските главни градови, што има за цел презентација на европското досие на Северна Македонија. 

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, поднесе оставка

Редакција

Села нема да поднесе оставка од лидерската позиција во Алијанса за Албанците

Редакција

Антикорупциска отвара постапка за Мерко, за набавката на четири возила во Општина Струга

Редакција