еМагазин
Image default
Македонија

Голем интерес: Над 37 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку онлајн апликацијата

Вкупно 37.300 граѓани досега се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена во функција завчера, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Надлежните институции утврдија како ќе се одвива процесот на вакцинација. Во првата група се здравствените работници и лицата над 70 години.

Првите 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200.000 вакцини од кинеската „Синофарм“.

Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали во Македонија е регистрирана подваријанта на омикрон ќе се знае следната недела

Редакција

Ќе го вакцинирам детето против Ковид-19, најави Филипче

Редакција

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик: Ќе има ли проблеми во борбата против нелегалната миграција?

Редакција