еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Бугарската агенција БГНЕС тврди дека сопругата на Мицкоски е „Бугарка“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е оженет со “Бугарка“, објави бугарската агенција БГНЕС.

Според агенцијата, Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Рози, има бугарско државјанство.

Ова е јасно од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија на 4 април, велат од агенцијата.

Според агенцијата овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување. Стевица Јанева е на списоците и за претстојните парламентарни избори во делот 47 од општината Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица.

Според агенцијата и нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев, кој е сопственик на ресторан во Струмица е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци, само во Благоевград.

Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако твоите предци се Бугари, тогаш излегува дека и Роза Мицкоска е „Бугарка“, коментираат од агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зарем некој верува дека 88 илјади Македонци зеле бугарски пасош оти се Бугари

Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Вечер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 3.098: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција

Почина затвореник од Идризово

Редакција

Општина Кичево склучи договор со фирма од Косово вреден 805 илјади евра

Редакција