еМагазин
Image default
Бизнис

Европа лани ја зголемила добивката

Во 2020 година Европа АД Скопје остварила вкупни бруто приходи во износ од 834.530.497 денари и истите се зголемени за 6,5% во однос на бруто приходите од 2019 година, информира компанијата преку Македонската берза.

“Вкупните оперативни приходи за 2020 година се зголемени за 3,5% во однос на истите во 2019 година.

Останатите приходи се зголемени 80,1%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 21,9% во однос на 2019 година.

Европа АД Скопје за 2020 година оствари добивка во износ од 80.758.967 денари и е поголема во однос на претходната година за 10,4%.

Вкупните расходите се зголемени за 6,3% во однос минатата година.

Оперативните расходи во 2020 година се зголемени за 6,3%, а финансиските расходи се намалени за 3,2% во однос на 2019 година“, информира компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европа“ ја зголеми сопственоста во „Фершпед“

„Европа“ купи акции од „Фершпед“

Фото: Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројни пребарувања на огласите за работа во странство

Редакција

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10%, со двојно зголемени инвестиции и со 111 нови вработувања во периодот јануари-јуни 2020

Редакција

Извоз на медицинска опрема за справување со корона вирусот само со дозвола од Министерството за здравство

Редакција