Пораталот Сакам да кажам објави дека од 120 пратеници во Собранието, 75 зеле вкупно 122.000 евра надомест за патни трошоци од конституирањето во август лани, до први февруари годинава.
Според податоците на СДК од Собрание, за пет месеци Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, од Василево, од Собранието подигнал 4.870 евра по оваа ставка.
Веднаш по него е Сурија Рашиди од струшкото село Радолишта, од партијата Алијанса за Албанците, со надомест од 4.777 евра.
За истиот период, Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, зел 4.092 евра.
Натаму, по надолен редослед доаѓа неговата сопартијка Јадранка Поцкова од Струмица, со пресметани 3.968 евра за патни трошоци.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.