еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Познатиот јутјубер Стефанатор ја бие најважната животна битка, проговори за борбата со ракот на тестиси

Познатиот македонски јутјубер Стефан Рашковиќ, познат како Стефанотор, во видео „Време е да зборуваме“ откри дека ја води најтешката битка во животот, се лекува од рак на тестиси.

„Летото 2020 година почувствував болки во тестисите, ми препишаа антибиотици. Извесно време болките ги снема, но, неколку дена потоа почувствував нешто чудно, и мислев дека има потреба да одам на лекар.

Ми направија дополнителни испитувања. 23 јули 2020 е ден што никогаш нема да го заборавам, ми дијагностицираа тумор,“ вели Стефанатор, на кого после тој ден животот му се сменил целосно.

По препорака на лекарите направил операција која била неуспешна, па му претстои уште една.

Во меѓувреме примал хемотерапии и вели дека пребарувањето за болеста на Интернет му создало илјада сценарија, помислувал и на најлошото.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трогателно мајчинско сведоштво: „Братче и сестриче добија шанса за живот од д-р Жан Митрев“

Редакција

(Фото) Рамуш Харадинај со сопругата Анита на гости во домот на Зоран и Зорица Заеви

Редакција

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Редакција