еМагазин
Image default
Македонија

Реконструкција за убиството на младиот Ангел Петковски

По седум години од убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање од одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи.

На реконструкцијата присуствуваа родителите на починатиот Ангел, обвинетиот Насер Ештрефи, како и судијката Дијана Груевска-Илиевска.

-По барање на одбраната и по упатствата од Врховниот суд, реконструкцијата беше изведена успешно, согласно одредбите на Законот за кривична постапка.

Тоа што сакам да го потенцирам е фактот што беа видени двете верзии, верзијата на одбраната и верзијата на оштетениот, односно семејството на покојниот. Судот е тој што треба да одлучи која верзија ќе биде веродостојна, изјави адвокатката на обвинетиот, Иванка Јакимовска.

Сашо Петковски, татко на починатиот Ангел изјави дека и покрај преголемата болка тој прифатил да присуствува на реконструкцијата.

Претходно обвинетиот Ештрефи, со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација.

Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи е вратено на повторно одлучување.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот во кој со нож беше убоден младиот Ангел Петковски.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шефот на кабинетот на Трајко Вељановски сведочеше за “организаторите на настаните од 27 април“

Редакција

Од Антикорупциска му вратија на Груби дека врши притисок врз нивната работа

Редакција

МОН: Околу 80 отсто од учениците успешно следат онлајн настава, моделот за учење на далечина е функционален

Редакција