еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Запленети над половина тон дрога во две полициски акции на југот од земјава

Министерството за внатрешни работи вчера во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога, заплени над 500 килограми марихуана и приведе три лица.

Точната тежина се уште не е утврдена, затоа што уште е во тек мерењато и вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Северна Македонија и Грција за Турција и до сега се запленети (измерени) 424 килограми марихуана и од слобода е лишено едно лице.

Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра, соопшти денеска портпароолот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој информира дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството во текот на денот ќе поднесе кривична пријава против Д.Н. (47) од Скопје, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што посочи, во рамки на спроведенoто криминалистичко истражување утврдено е дека Д.Н. заради стекнување на противправна имотна корист заминал за Косово со цел да организира и изврши транспорт на марихуана од Косово преку нашата држава и Грција со крајна дестинација Турција.

-Вчера околу 21,30 часот на ГП Богородица, по претходно изготвен план, преземени се мерки и активности и при излез од РСМ од страна на полициски службеници од ОСОСК со асистенција на Царинска управа, извршен е претрес во товарно моторно возило (влекач) „ивеко стралис“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на правно лице и приколка, исто така сопственост на правното лице, а управувано од Д.Н..

При претресот во приколката помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и одземени се 519 пакувања со марихуана, а одземени се и еден мобилен телефон со СИМ картичка, две сообраќајни дозволи, клучеви и документација, рече портпаролот на МВР.

Ангеловски додаде дека во текот на денот продолжува претресот на товарното моторно возило, затоа што, како што рече, се работи за голема количина на стока. Д.Н. во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Во друга акција, независна од претходната, вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица, Агенцијата за национална безбедност и Армијата во близина на границата со Грција, атар на село Селемли, пресекоа канал за транспорт на дрога од нашата земја во Грција и запленија околу 93 килограми марихуана.

Приведени се К.К. (28) – организатор на транспортот и С.К. (24) од селото Селемли, кои во моментот на вршење на кривичното дело биле затекнати до возило „шкода“ во кое била сместена марихуаната.

-Тие се обиделе да избегаат, но набрзо биле лишени од слобода. Извршени се пет претреси на подрачјето на Гевгелија, при што се запленети предмети поврзани со истрагата.

Во врска со истрагата, постапува и полицијата на Грција со цел расчистување на случајот со овој канал за трговија со наркотици, посочи Ангеловски.

МИА/Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Редакција

„Катимерини“: Двете сценарија на Атина за исходот од референдумот во ПЈРМ

Редакција

Детален преглед по скопски општини: Чаир рекордер по заболени од корона вирусот, растат бројките во Аеродром и Карпош

Редакција