еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Штипскиот градоначалник во седумдневна самоизолација

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во наредните седум денови е во самоизолација.

Информацијата денеска ја сподели на Фејсбук профилот. Во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.

Николов е интервентен кардиолог и покрај тоа што менаџира за Општина Штип, тој работи и оперира пациенти.

-Иако во текот на лекарскиот преглед ги преземав сите заштитни мерки, сепак од денес па во следните седум дена одам во самоизолација.

Засега се чуствувам одлично, немам никакви симптоми, но поради внимателност и почитување на здравствените протоколи следнава недела ќе бидам во изолација, пишува Николов на својот Фејсбук профил.

Николов како градоначалник, но и како лекар апелира граѓаните да се одговорни и дисциплинирани. Посочува дека сведоци сме на нов бран од Ковид 19, затоа како што вели сите да носат маски, одржуваат дистанца, а на тој начин секој си го чува здравјето, но и на најблиските. 

МИА/Фото: Фејсбук/Николов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник пообилни врнежи од дожд, на планините снег

Редакција

(Фото) Алачки и Дојчиновска на скијање во Бугарија

Редакција

Почнува Велигденскиот пост: Начин на постење и исхрана

Редакција