еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мицкоски за лекувањето од Ковид-19 на Инфективна: Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност, бидејќи вирусов е страшен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски раскажа низ што се поминал откако 13 дена е позитивен на Ковид-19 и упати благодарност до персоналот на Инфективна клиника.

„Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност, бидејќи вирусов е страшен.

Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови.

Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација, бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу.

Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини.

Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како.

Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично, бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност,“ напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ПИОМ немаат пари за пензии ама имаат милиони за кафани

Редакција

Професор Трајковски објаснува каков ќе биде новиот бран на Ковид-19

Редакција

Лично искуство со „АстраЗенека“ и поминато патешествие за вакцина во Белград

Силвана Жежова