еМагазин
Локално

Маж на 48-годишна возраст загина во сообраќајка кај Струмица

Едно лица загина попладнево во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Струмица-Берово, кај крстосницата за селото Сарај.

Настанот го потврдија од СВР Струмица, од каде информираат дека во несреќата учествувале автомобил и камион, а животот го загубил маж на 48-годишна возраст.

Повеќе детали најавуваат по завршувањето на увидот.

Од струмичката болница потврдија дека бил донесен маж без знаци на живот со тешки повреди на главата.

Во автомобилот имало уште едно лице, но тоа не е повредено.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Пехчево

Редакција

Обвинителен предлог за „Убиство на миг” против 22-годишник од скопско

Редакција

Едно лице загина во судир на автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција