еМагазин
Балкан

Познатиот пејач Сергеј Четковиќ ги загуби и двајцата родители од Ковид-19

Неколку дена откако почина мајка му од Ковид-19, денеска црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ се соочи со нова трагедија. И неговиот татко почина од вирусот.

„Колку човек и да се обидува да се подготви, колку и да е силен, за некои работи не можеш да се подготвиш. Мислиш ќе биде доволно да земеш воздух и да се задржи што подолго за да се избегне болката, но не. Не поминува! Боли и боли.

Оној момент кога ќе се разделиш со своите родители, ја сфаќаш таа болна студена вистина. Дека повеќе не си дете.

Ја нема повеќе онаа родителска грижа, трпение, радости, несебична љубов. Ги нема повеќе таа која ме донесе на овој свет, и тој кој ме сакаше, бранеше и учеше во животот,“ напиша Четковиќ на неговиот Инстаграм-профил.

Фото: Фејсбук/Четковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде разрешена директорката на училиштето „Владислав Рибникар“ каде ученик уби девет ученици и чувар

Редакција

(Фото) Температурата минус 4 степени: Во Словенија падна снег

Редакција

Експлозија на водниот канал кај Зубин Поток, косовската полција оцени дека е терористички чин

Редакција