Витаминка АД Прилеп минатата година ја завршила со добивка од 24.524 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Претходната година добивката на компанијата била 30.023 илјади денари.
“Остварените единечни вкупни приходи во 2020 година изнесуваат 2.563.700 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 2%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 2%.
Остварените единечни вкупни расходи во 2020 година изнесуваат 2.548.605 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од 1%. Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за 2020 година“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Витаминка“ планира приходи од 53 милиони евра во 2021 година
Продаден блок акции од „Витаминка“ за 32.000 евра
Фото: Витаминка