еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести проценува дали се потребни нови рестрикции

За денеска во 11 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. На неа се очекува тој да информира за проценките на Комисијата за заразни болести за евентуално нови мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Комисијата за заразни болести, како што е најавено, треба да одржи состанок на кој ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава.

– На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, изјави вчера министерот Филипче.

Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи на Ковид-19 во земјава е воведен полициски час до 22 март, што важи од 22 часот до 5 часот наутро.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

234 нови случaи на Ковид-19 од 1.208 тестирања, во Скопје 99

Редакција

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април

Редакција

Владата го разреши Бучковски од позицијата специјален претставник за Бугарија

Редакција