еМагазин
Image default
Македонија

Во изолација 78 ученици и деца од претшколска возраст во Штип

Во изолација ќе бидат 50 ученици од две штипски основни училишта, откако вчера беа потврдени позитивните тестови на нивните двајца наставници.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова истакна дека допрва ќе утврдуваат дали ќе се тестираат учениците.

Инаку, од пред два дена во изолација заминаа и 28 деца од една штипска градинка, заедно со нивните две воспитувачки.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е почната монтажа на централниот довод за кислород на новата модуларна болница.

– Инжинерите на фирмата која го доби тендерот од вчера почнаа со монтажата на централниот довод за кислород. Кога ќе биде се комплетно завршено ќе може да се стави во функција, со што дополнително се обезбедуваат 47 болнички кревети.

Со отворањето на модуларната болница, капацитетот на Клиничката болница за лекување на корона пациенти се зголемува на 120. Во штипскиот Ковид центар денеска се хоспитализирани 43 пациенти, а едно лице на возараст од 72 години починало во болнички услови.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што поголеми бројки на заразени толку поголеми казни за неносење маски, дури 899

Редакција

Истрагата за Жан Митрев се очекува да заврши во следните два – три месеци

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 49 лица, приведени 37

Редакција