Додека ги чекаме вакцините против Ковид-19, со кои во Македонија засега оправдано се вакцинираат само здравствените работници, се повеќе македонски граѓани се вакцинираат во соседна Србија.
Врање стана дестинација не само за шопинг во „Лидил“, туку е и местото каде бројни Македонци, од здравствени работници до функционери и обични граѓани се вакцинираат против Ковид-19.
Трендот почна прво со македонските граѓани кои имаат и српско државјанство, а сега истиот продолжува и со лица кои не го исполнуваат овој услов. Секој се снаоѓа како знае и умее.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следните денови таму ќе се вакцинираат и македонските медиумски работници, кои сами се организираа и со помош на српското Здружение на новинари обезбедија 200 дози вакцини за 100 медиумски работници.
Првите вакцини Македонија ги доби токму од Србија, која стана лидер во регионот, но и една од водечките земји во Европа по процентот на вакцинирани и по разновидноста на вакцините против Ковид-19 кои ги набави.
Кај нас првата најва за масовна вакцинанција беше за во јануари, па потоа стана февруари, па март, а сега по се изгледа вакцини за граѓаните ќе стигнат можеби во април.
Фото: МЗ