еМагазин
Image default
Македонија

Двајца пациенти починаа од Ковид-19 во штипскиот ковид центар

Битката со коронавирусот на штипското Инфективно одделение ја изгубија двајца пациенти на возраст од 52 и 56 години од виничкото село Истибања и Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека и денеска во ковид – центарот имаат само два слободни кревети.

Капацитетот е исполнет на Инфективното, а тие пациенти кои се во подобара здравствена состојба се префлаат на Кожното одделение, со цел да се ослободат кревети за пациентите, кои се во тешка здравствена состојба. Триесет и четири пациенти се на постојана кислородна поддршка, а во овој центар се лекуваат 66.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и додаде дека во ковид – центарот се хоспитализирани и помлади пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипскиот ковид – центар се пополни за само три дена

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Сенатот на Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Редакција

Вработени во општинско претпријатие со сопругите го вандализирале македонскиот клуб, градоначалникот на Благоевград нема да ги казни

Редакција

Три лица ограбиле банка во центарот на Скопје, едно од нив испукало куршум

Редакција