еМагазин
Image default
Македонија

Наставник во Ресен позитивен на Ковид-19, учениците во изолација

Еден наставник е позитивен на Ковид-19 во Ресен, а учениците се во изолација. Ова е прв случај на позитивен наставник од Преспа од почетокот на пандемијата, информира градоначалникот Живко Гошаревски, кој раководи со Кризниот шаб во општината.

По состанокот со директорите на основните училишта и на Здравствен дом – Ресен, како и епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Битола, истакна дека се договориле приоритет во тестирањето да имаат просветните работници со симптоми на коронавирусот.

– Утврдивме дека ако има индиции за изолација на наставници со симптоми веднаш да се тестираат од Центар за јавно здравје, да им се направи епидемиолошка анкета и навремено да се реагира.

Од сите наставници кои се суспектни или позитивни, денеска ќе се земат брисеви за да се вметнат во системот и да се проследат понатаму, истакна Гошаревски.

Кризниот штаб, посочи, континуирано ја следи состојбата со ширењето на коронавирусот и дава насоки за придржување кон мерките и протоколите за заштита.

– Континуирано ја следиме состојбата. Изминатиот период имавме реакции и страв од родители на деца, кои посетуваат настава со физичко присуство. Дадов насоки училиштата во кои се одржува настава поинтензиво да се придржуваат на мерките за заштита и за лична хигиена, додаде Гошаревски.

Во изминатиот период, според него, проблем биле брзите тестови, чии позитивни случаи не влегувале во систем, но добиле ветување од здравствните власти дека набрзо проблемот ќе биде надминат.

Во Преспанскиот регион во моментот има околу 120 лица позитивни на Ковид 19. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани над 900 случаи, од кои, 23 лица ја изгубиле битката со вирусот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советничката на министерката Ангеловска, Олимпија Христова Заевска поднесе оставка

Редакција

Синот на Мицкоски не беше дел од НАТО делегацијата, велат од МНР

Редакција

Груевски: Заев делел прислушувани разговори во Бугарија, дебатата за Гоце Делчев е задоцнета

Редакција