еМагазин
Image default
Локално

Девојка со нож нападнала соученик во средно училиште во Струга

Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик во дворот на училиштето, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека настанот се случил вчера околу 9 часот.

– А. М. (19) од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето „Нико Нестор“ со остар предмет го нападнала соученикот Е. К. (19) од Струга.

Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријавa, изјави Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со автоматска пушка го застрелал во потколеницата

Редакција

Во Центар бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници

Редакција

(Фото) Растурена забава во стан во центарот на Скопје, запленет кокаин, амфетамин…

Редакција