еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како и што најавија, Алијанса на Албанците и Алтернатива во Собрание ги блокираа парите за граѓаните и фирмите

Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3.000 амандмани на трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19.

На синоќешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, претседателот на ова собраниско тело, Тимчо Муцунски, информирал дека се поднесени амандманите и соопштил дека тие се проследени на превод на албански јазик, по што Комисијата повторно ќе се состане.

Тоа, според информации од Собранието, би можело да се случи по неколку дена. Бидејќи законите се по скратена постапка, расправата по амандманите е предвидено да трае само три дена, а потоа законите би можеле да се изгласаат.

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет за антикризните закони беше закажана откако пратениците вчера го усвоија дневниот ред на 36. седница и по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците и Алтернатива најавуваат дека со 3.000 амандмани ќе ги блокираат антикризните закони

Алелуја: Пратениците се договорија, одблокиран петтиот пакет на економски мерки

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бездомните кучиња во Скопје добија десет куќички

Редакција

(Фото) На продажба атрактивен имот од 32.614 квадрати на „Треска Мебел“ во Капиштец

Редакција

(Фото) Кандидатот за лидер на СДСМ, Ковачевски со Зечевиќ ја презентираше својата програма

Редакција